ИЗВЕСТУВАЊЕ Печати
ИЗВЕСТУВАЊЕ за одржување на јавна расправа со цел информирање на граѓаните и засегнатите страни  за активностите  за изградба на нова градинка    и за документот  “Првична ограничена оцена на влијание врз животна средина и социјални аспекти за изградба на нова градинка” во Општина Неготино во рамки на Проектот за подобрување на социјални услуги (ППСУ Проект)
 
Во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги (ПУСУ Проект) кој се реализира од страна на Министерството за труд и социјална политика со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел зголемување на капацитетите за сместување на деца од предучилишна возраст, Општина аплицираше со проект за изградба на нова детска градинка.
Согласно Оперативниот прирачник на проектот и Оперативниот прирачник за администрирање на грантови за изградба на предушилишна инфраструктура Министерството за труд и социјална политика и Општината Неготино,  организираат  јавна расправа со цел информирање на граѓаните и засегнатите страни  за активностите  за изградба на нова градинка и за документот  “Првична ограничена оцена на влијание врз животна средина и социјални аспекти за изградба на нова градинка” во кои се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од реализацијата на проектот.
Документот “Првична ограничена оцена на влијание врз животна средина и социјални аспекти” е ставен на јавен увид на веб страните на:Министерството за труд и социјална политика (http://www.mtsp.gov.mk/proekt-za-podobruvanje-na-socijalnite-uslugi.nspx) и на Општина Неготино (http://negotino.gov.mk//).
Јавна расправа организирана од страна на Министерството за труд и социјална политика заедно со Општина Неготино ќе одржи  на ден 08.08.2019 година со почеток во 11 часот во просториите на Општина Неготино (Сала на Совет).
Вашите коментари во однос на  реализацијата на проектот и документот може да ги доставите во рок од 14 дена по одржување на јавната расправа до Наташа Тасевска Стојановска  на  следнава меил адреса  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Министерството за труд и социјална политика