Во среда (16.10) во Неготино ќе се врши дератизација и дезинфекција на јавни површини Печати

   Општина Неготино ги информира граѓаните дека согласно програмата за спроведување на превентивни ДДД услуги на територијата на општината, утре (среда 16.10.2019г.) со почеток од 08,00 часот ќе се започне со вршење на дератизација и дезинфекција на јавни површини. Работите на терен ќе ги изведуваат работници стручната фирма Зотокс од Скопје, а врз основа на издадено решение од страна на Државниот и здравствен инспекторат. Дезинфекцијата ќе се изврши во просториите на општина Неготино и во објектот Желкова куќа, додека дератизација ќе се изврши на вкупно 900 ревизиони шахти.