Седница на Совет на општина Неготино 24.01.2020 година Печати
Врз основа на чл.  2 од Законот за локална самоуправа  Сл.весник на РМ бр.5/02), член  76 од Статутот на општина Неготино  (,, Сл.гласник на општина Неготино  брr.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 и 16/14 и член  57 став 1 од Деловникот на општина Неготино (,,Сл.гласник на  Општина Неготино “бр.3/06 и 2/11), Претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува    триесетти и четвртата    редовна седница на Советот на општина Неготино.
Седницата ќе се одржи во Големата сала на општина Неготино на ден 24.01.2020 година   (петок) во  15,00 часот.
За седницата го предлагам следниот


                                                 Д Н Е В Е Н   Р Е Д

1.    Предлог- Одлука за донесување на ДУП за УЗ 7, дел од УБ 7.2 КО Неготино, општина Неготино
2.    Предлог-  Одлука за изменување и дополнување на Одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на државните службеници за 2020 година
3.    Предлог – Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на вредноста на бодот за платите на јавните службеници даватели на услуги и директорот на ЈОУДГ Фемо Кулаков за 2020 година  
4.    Предлог- Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на висината на надоместоците што се плаќаат за користење на општинските јавни патишта
5.    Предлог –  Одлука за предавање во сопственост на подвижни ствари
6.    Предлог- Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичка планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти во урбанистичко планска документација
7.    Предлог- Одлука за именување на членови на Локален Совет за превенција на општина Неготино  
8.    Предлог – Одлука за основање на Јавно претпријатие за јавни паркиралишта
9.    Предлог- Решение за именување на претставници на општина Неготино за членови на Управниот одбор на ЈП Паркинзи Неготино   
10.    Предлог- Решение за именување на членови во Надзорниот одбор за контрола на материјално- финансиското работење на ЈП Паркинзи Неготино  
11.    Предлог – Решение за разрешување и именување на член на Училишниот одбор на СОУ ,,Св. Кирил и Методиј,, Неготино
12.    Предлог – Решение за разрешување и именување на член на Надзорниот одбор на ЈКП Комуналец Неготино
13.    Предлог- Заклучок за усвојување на Извештајот за финасовото работење на ЈКП Комуналец Неготино за периодот 01.01.2019- 30.09.2019 година  
14.    Предлог – Заклучок за усвојување на Извештајот за работа за 2019 година на Локална библиотека ,,Страшо Пинџур,, Неготино
15.    Предлог- Заклучок за усвојување на Годишната програма за работа на Локална библиотека ,,Страшо Пинџур,, Неготино за 2020 година
16.    Предлог – Заклучок за усвојување на Годишната програма за работа на Општинската установа ,, Музеј на град Неготино,, за 2020 година
17.    Предлог-  Мислење по однос на Статутот на ООМУ ,,Владимир Арсовски ,, Неготино
18.    Предлог- Решение за доделување на еднократна парична помош
19.    Предлог- Решение за доделување на финансиски средства