Поради дефект на главниот цевковод, ќе има прекини во водоснабдувањето Печати

   Поради нарушено водоснабдување од главниот цевковод од Кавадарци спрема Неготино, а докажано со употреба на мобилни мерачи, констатирано е дека на потегот од Ваташа до спортска сала во Кавадарци има дефекти на главниот цевковод што придонесува за загуби на количини од 10 литри вода во секунда. Поради тоа, од локалното комунално претпријатие ги информираат граѓаните дека до пронаоѓањето и отстранувањето на дефектите ќе има прекин во водоснабдувањето во периодот од 11:00-13:00 часот. Ваквата состојба ќе биде присутна  се до отстранувањето на дефектите, што пак ќе придонесе за стабилизирање и подобрување на водоснабдувањето. Од Комуналец ги замолуваат граѓаните за разбирање и препорачуваат рационално трошење на водата за пиење, а за наводнување на дворните површини да ја користат водата од каналската мрежа.