О Д Л У К А Печати

Врз основа на член 65 став 6 од Законот за животна средина (``Службен весник на РМ``бр.53/05, бр.81/05, бр.24/07, бр.159/08 ,83/09, 48/10, 124/10 ,51/11, 144/12, 55/13, 163/13 и 42/14),  Градоначалникот на општина Неготино донесе

                                                                             О Д Л У К А
За спроведување на стратегиска оцена

                                                                               Член 1
За планскиот документ Детален урбанистички план за индустриска заедница 8, измена и дополна КО Неготино, Општина Неготино  , кој го донесува Општина Неготино потребно е да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина.
                                                                               Член 2
Како органи засегнати од имплементацијата на планскиот документ Детален урбанистички план за индустриска заедница 8, измена и дополна ,КО Неготино Општина Неготино се определуваат следните: Министерството за животна средина и просторно планирање и  Општина Неготино.    
                                                                               Член 3
За планскиот документ Детален урбанистички план за индустриска заедница 8, измена и дополна  ,КО Неготино Општина Неготино  , за чија изработка е одговорено позитивно од страна на Министерството за животна средина, просторно планирање и води, а за усвојувањето на истиот е надлежна општина Неготино, се утврдува дека донесувањето на  овој плански документ ќе има влијание врз  животната средина.

                                                                               Член 4
Обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следните аспекти :влијание врз подземните и површинските води, влијание врз почвата, влијание врз пределот, влијание врз биодиверзитетот, влијание во однос на генерирањето на отпадот.

                                                                               Член 5
Одлуката  заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена да се објави на веб страницата на општина Неготино на следната адреса /: www.negotino.gov.mk        
   
                                                                               Член 6
Против ова Одлука јавноста има право на жалба до Министерството за животна средина, просторно планирање и води во рок од 15 дена од денот на објавувањето на Одлуката на веб страната.